(ФОТО) ЕВЕ КОЈ Е СЛЕДЕН НА ЛИСТАТА ЗА (САМО)УБИСТВО!

0
1368

Еве кои се останатите вмешани во аферата со Израелците и кои се идн иможни кандидати за она што му се случи на Коста Крпач:

Владислав Стајковиќ или во бомбите нарекуван „Влатко“ е личноста со која судијката од Управниот суд, Светлана Костовска договара што да стои како основ за да легнат парите од договорените провизии утврдени во разговорите со директорот на УБК Сашо Мијалков, како што тврди лидерот на СДСМ Зоран Заев. Во транскриптите коишто опозицијата ги доставува до медиумите, „Влатко“ е напишан како Влатко Стајковиќ, а во еден од телефонските снимки помеѓу Костовска и израелскиот посредник, таа ја споменува фирмата НВСП како фирма на којашто сметка би требало да легнат средствата, а со Влатко се договара со каква назнака би легнале истите.

НВСП, според досегашните објавени истражувања на базата за медиумска сопственост „Медиапедија“ е компанија којашто се занимава со различни дејности – од консултантски и адвокатски услуги, обезбедување на резиденции, дистрибуција на мобилни телефони, дозвола за промет со оружје и со муниција, медиуми и друго. Сопственик на НВСП е Владислав Стајковиќ.

Според евиденцијата на Централниот регистер на Македонија, компанијата НВСП е сопственик на Радиото Слободна Македонија во кое што свои емисии имаат Миленко Неделковски, новинарките на Сител телевизија Славица Арсова и Наташа Мерсовска, професорката на правниот факултет Татјана Каракамишева, екс-вицепремиерот за евроинтеграции Ивица Боцевски и други новинари и експерти кои што во јавноста важат за блиски до владејачката ВМРО ДПМНЕ. Радио Слободна Македонија има седиште на иста адреса со неделникот и портал „Република“, чијшто газда е фирмата „Ирезине Лимитед“ од државата Белизе.

Фирмата НВСП ја поседува и телевизијата К3 (поранешен „Златен канал“) од Куманово. НВСП е формирана во 2006 година. Стајковиќ, покрај тоа што е основач на НВСП, тој е и директор на фирмата „Мобико“, каде што сопственик е извршниот директор на Т-Мобиле, Жарко Луковски.

Луковски, пак, приватно е близок пријател, а од неодамна и кумашин на директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков. Шефот на тајната полиција беше кум на свадбата на Луковски со неговата избраничка годинава.

Стајковиќ, исто така, е и член на Надзорниот управен одбор на Државна видео-лотарија, новата заедничка фирма на македонската Државна лотарија и на австриската „Касинос Аустриа“, преку која ќе се организира видeо-лотаријата што неодамна ја најави Владата. НОВА пишуваше за овој случај, каде што откривме дека доминантен сопственик на „Касинос Аустриа“ е, всушност, офшор-компанија од Лугано, Швајцарија.

Владислав Стајковиќ, преку НВСП, бил и првиот газда на фирмата за обезбедување имот и лица, популарната СГС, но и прв газда и на скопската компанија „Финзи“, која денес под свое го има Нетпрес, еден од најгласните провладини медиуми.

Кога сме кај овие компании, тука влегува името на Коста Крпач.

Тој е академски сликар и  се води како директор на компанијата „Финзи ДООЕЛ“ која сега е сопственик на веб-порталот „Нетпрес“.

Aко се погледне историјатот на фирмата „Финзи ДООЕЛ“, се гледа дека прв управител на фирмата во 2009 година билВладислав Стајковиќ.  Не се знае со што се занимава оваа компанија бидејќи до веб страницата www.finzi-mk.com пристап има само сопственикот.  Како сопственик на „Финзи“ се води компанија од офшор дестинацијата Кипар.

Извор : НОВА.ТВ