(ФОТО) ЕВЕ КАКО СЕ ПРАВАТ АВТОПАТИШТА ВО МАКЕДОНИЈА: Бандера на сред новиот автопат кој се гради од Скопје до Штип – Се асфалтира околу неа, а нема кој да ја отстрани!

0
4154

На новиот автопат кој се гради од Скопје до Штип, на делницата која поминува покрај Свети Николе, стои бетонски столб-бандера на која поминуваат водови од електрична мрежа. И покрај тампонирањето и нанесувањето на првиот слој асфалт бандерата сѐ уште не е отстранета, не е ниту јасно дали воопшто ќе биде отстранета.

Информациите од вработените на градежната фирма “Гранит“, кои работат на овој дел од трасата и сакаат да останат анонимни, велат дека ниту некој им рекол тие да ја остранат при тампонирањето и асфлатирањето, ниту пак знаат кој треба да ја острани.

„Едни велат дека ЕВН трба да ја острани, други дека тоа е ЕЛЕМ, трети дека е МЕПСО, целосна забуна и контрадикторни информации постојат за тоа кој е надлежен за остранувањето на бандерата, а ние не смееме да ја остраниме иако работиме на трасата“, вели градежен работник кој сака да остане анонимен.

Во недостатокот на било какви официјални информации, од ситуацијата на теренот се гледа дека бадерата не претставува никава пречка за понатамошнит активности на трасата, односно продолжува работата на патот, иако истата доколку и понатаму не биде остранета, ќе претставува сериозен безбедносен проблем за сообраќајот на автопатот.

1

Работниците од терен информираат дека и при евентуално нејзино отстранување нанесената штета врз патот нема да може да се поправи квалитетно. Во таква ситуација, доколку се отстрани бандерата ќе се отвори голема дупка која потоа би била само санирана, односно во неа би бил нафрлан асфалт, без соодветно механичко набивање, што ќе резултира во драстично отстапување од квалитетот на изведбата на трасата околу местото на кое се наоѓа бандерата.

За тоа дека проблемот со бандерата се провлекува во текот на целата изведба на авто патот и истот не се се решава, зборува и промотивното видео кое беше објавено на Фејсбук профилот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски на 3о октомври 2015 година.

png

На видеото јасно може да се види дека бандерата уште минатата година, кога беше започнато пробивањето стои на сред траса од автопатот.

Според проекцијата, новиот автопат ќе има шест ленти, ќе биде долг 54 km и по него ќе може да се вози со 120 km на час. Ќе има две ленти широки 4 метри и уште една лента за стоење од 2,5 m.

Автопатот Миладиновци – Штип што го гради кинеската компанија Синохидро Корпорејшн Лимитид, предвидено е да биде готов до 2018 година. Во градбата на автопатот 49% работите ги изведуваат македонски фирми. Целата инвестиција е тешка 206 милиони евра.

Митко Ѓорѓиев, граѓански новинар


Извор: ЦИВИЛ