(Фото) Грујо ќе пукне од мака – На Томислав Николиќ му се „исполни сонот“ во Куба да се сретне со Фидел Кастро

0
486

Српскиот претседател Томислав Николиќ, кој ја заврши дводневната посета на Куба, изјави дека му се „исполнил сонот“ да се сретне со таткото на кубанската револуција Фидел Кастро, пренесоа француските медиуми, повикувајќи се на кубанските медиуми.

nikolic-i-fidel-620x350-620x320

Српскиот претседател на 88-годишниот Кастро му врачил Орден на Република Србија, одликување кое Кастро ветил дека никогаш нема да го симне.

Кубанската телевизија ги прикажа двајцата како разговараат, но
медиумите не прецизираа дали тоа се случило во вторникот или во средата.

На крајот на 90-те години поранешниот кубански претседател беше меѓу најотворените критичари на воздушните напади на НАТО врз Србија, преземени за да се прекинат репресиите на српските сили во

Косово, потсетуваат француските медиуми.

За време на својата посета на куба, Николиќ се сретна и со претседателот Раул Кастро, кој му изјави дека Куба ќе продолжи да и дава поддршка на Србија „во борбата за територијалната целост и суверенитет“.