(ФОТО) Герила акција во Битола – Честито аболиција за Талески

0
545

Со транспаренти „Долу маските“ и „Честито аболиција“ демонстрантите од Битола го чекаа градоначалникот Владимир Талески пред Центарот за култура каде вечерва започна 18. Фестивал на монодрама.

bitola-gerila-670x338

Протестантите му поготвуваа честитка за помилувањето на градоначалникот. Но, некој навреме го извести за ваквата герила, па Талески не влезе од главниот влез во Центарот за култура, туку тајно го внесоа од задниот.

Демонстрантите најавија дека ќе го чекаат на излегување од фестивалот да му ја упатат честитката.

Извор: СДК