Италија е една од најпопуларните туристички дестинации во светот, но ќе се излажете ако помислите дека веќе нема дел од земјата кој останал неоткриен за повеќето луѓе.
Во морињата кои го опкружуваат Апенинскиот Полуостров сè уште има неколку прекрасни мали островчиња кои успеале да се скријат од посетителите и да ја задржат живописната убавина која им ја подарила природата.
Џиљо
Џиљо е мало островче од Тосканскиот архипелаг кој останал убав како што бил отсекогаш, поради фактот што околните острови се многу попосетувани, а тој останал неоправдано игнориран. На него можат да се видат главно гранитни карпи со прекрасни плажи и бистра вода, како и неколку мали и скромни хотели.
Пантелерија
Пантелерија е преубав мал вулкански остров во близина на Сицилија каде што повремено се релаксираат и некои славни личности како Стинг и Мадона. И тие останале маѓепсани од уникатната сценографија создадена од термалните извори, пештерите и потоците кои се пробиваат низ карпите. Вулканскиот амбиент на оствровот е дополнет со интересниот екстериер на хотелите, кои најчесто се украсени со фасада од вулкански камења.
Лампедуза
Минијатурната Лампедуза географски всушност припаѓа на Африка поради оддалеченоста од Тунис од само 113 километри. Не е многу населен, па не е изненадување тоа што плажите се недопрени.
Понца
Помеѓу изобилството од стрмни карпести предели на Понца има премногу скриени плажи и заливи како за толку мал остров. Особено спектакуларно доживување е патувањето до плажата Киаја ди Луна, до која се стигнува единствено преку тунел изграден во античкиот период.
Панареа
Ова островче е омилено помеѓу славните и богатите поради неверојатно релаксирачкиот амбиент. Има површина од само 3,5 километри квадратни, населен е од само 200 луѓе кои не користат автомобили, а неколкуте хотели можат да примат многу мал број на туристи. Најголемо уживање на туристите е набљудувањето на ѕвезденото небо, кое овде е магично поради тоа што нема улично осветлување кое ќе им пречи на погледот.
Фавињана
Фавињана е малку познат остров со форма на пеперутка кој што и покрај убавите плажи не е многу популарен. Оние кои сепак знаат за него, го опишуваат како одлично мирно место, погодно за релаксација.
Ла Мадалена
Со белите песочни плажи и кристално чистите води овој мал остров во близина на Сардинија воопшто не се разликува од беспрекорната природна убавина на својот популарен сосед, туку само по тоа што го посетуваат помалку туристи.