(ФОТО ГАЛЕРИЈА) ЈП Државни патишта на чело со Зоки Китанов продолжуваат со активностите за реконструкција на магистралниот пат Струмица – Ново Село

0
971

Јавното претпријатие за Држави патишта, по паузата од предизборниот период, продолжи со активностите за реконструкција на магистралниот пат Струмица – Ново Село.

Директорот на ова јавното претпријатие, Зоран Китанов, кој денеска беше во обиколка за одблиску да се запознае со активностите на самото место, информираше дека во моментот продолжуваат со рекострукцијата на патот од потегот на влезот во Босилово. Станува збор за делница од 2,9 километри за што ќе бидат потрошени 23.750.000 денари.

Градежните активности за реконструкција на патниот правец од Струмица до Ново Село во должина од 12,3 километри започнаа да се реализираат од април минатата година, делница по делница со средства од Светска банка, за кој се обезбедени 1.800.000 евра.

Директорот на ЈП Државни патишта, Зоран Китанов информираше дека паралелно се работи и на патниот правец Струмица – Берово, на потегот од Палазлија до излезот на населбата Суви Лаќи. Таму се рехабилитира делница од 6,6 километри во вредност од 46.400.000 денари.