Денеска (02.10.2024) министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оствари работи средба со амбасадорот на Република Албанија, Н.Е. Денион Мејдани. На средбата беше потенцирана досегашната соработка на двете држави и министерствата за внатрешни работи, при што заеднички беше констатирано дека таа се одвива на исклучително високо ниво, верификувана преку бројните билатерални договори од областа на безбедноста.
Посебен акцент на средбата беше ставено на целосното профункционирање на заедничката контрола на граничниот премин Ќафасан. На средбата со амбасадорот на Швајцарската конфедерација Н.Е. Вероник Хулман се зборуваше за добрата соработка, со надеж дека истата ќе се продлабочи и продолжи во иднина, особено соработката со ДКАФ која е од посебна важност. Министерот Тошковски ја истакна поддршката од меѓународните пријатели како секогаш e добредојдена и особено важна во справувањето со секојдневните предизвици.