(ФОТО ГАЛЕРИЈА) СДСМ : Училишен прибор и ранци за децата од загрозени семејства

0
629

Комисијата за образование при Општинската организација на СДСМ Прилеп, пред почетокот на новата школска година, организираше хуманитарна акција за набавка и донирање на училишен прибор и ранци за децата од социјално загрозени семејства. Во рамки на акцијата, на околу 30 деца им беа доделени нови училишни ранци и потребниот прибор за успешен почеток на учебната година.
Огромните социјални разлики во градот, кои ги создаде власта, особено се видливи во последните неколку години, а најмногу ги чувствуваат децата. Со ваквите хуманитарни активности, СДСМ става акцент на социјалните проблеми во општината, кои ќе бидат приоритет за решавање во периодот кој следи.


11908082_1216886365003646_1383437218_n 11910612_1216886925003590_143548934_n 11913114_1216886511670298_2033058413_n 11925972_1216888198336796_282721971_n 11950769_1216887758336840_875578014_n 11950963_1216886291670320_301512367_n