(ФОТО ГАЛЕРИЈА) СДСМ се поклони на гробот на Киро Глигоров во алејата на великаните

0
1236

15781397_10210159745184506_1904107065905574392_n 15822550_10210159745544515_8934597507156706661_n timthumb

Киро Глигоров, родено име Киро Панчев, (Штип3 мај 1917 – СкопјеМакедонија1 јануари 2012) — активист на македонското студентско и комунистичко движење, македонски и југословенски економист, политичар и државник, прв претседател на самостојна и независна Република Македонија.

Во февруари 1990 година се вклучил во Македонскиот форум за подготовкана македонска национална програма. Глигоров активно учествувал во работата на овој форум на кој се разгледувала ситуацијата во Југословенската федерација и можностите за разврската со осамостојување на Социјалистичка Република Македонија. По изгласувањето на Декларацијата за сувереност на државата, на 25 јануари 1991 година, Глигоров бил избран за прв претседател на самостојн и суверена Република Македонија од страна на Собранието на Република Македонија на 27 јануари 1991 година. На 7 март му го доверил мандатот на Никола Клусев за формирање на првата влада.

Глигоров имал активна улога во процесот на политичкото осамостојување на Македонија и нејзиното меѓународно признавање. Така тој бил автор на прашањето поставено на референдумот одржан на 8 септември 1991 година: „Дали сте за суверена и самостојна држава Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија?[1] Според тврдењето на тогашниот претседател на Собранието на Република Македонија, Стојан Андов, во август 1991 година тој имал долг и тежок разговор со претседателот на Република Македонија, Киро Глигоров (кој бил автор на референдумското прашање), убедувајќи го да го избрише вториот дел од референдумското прашање. Плашејќи се од воената интервенција од страна на ЈНА, Глигоров останал на својата формулација на референдумското прашање.[2] По успешно одржаниот референдум, Глигоров излегол на плоштадот „Македонија“ и со восхит ги поздравил насобраните граѓани.

По донесувањето на Уставот, сите активности за меѓународното признавање на Македонија ги презел претседателот Киро Глигоров. На 16 декември 1991 година, Советот на министрите на Европската заедница (сегашната Европска комисија) донесол одлука да ја признае независноста на оние републики од СФРЈ кои ќе побараат признавање, но кои ги исполнуваат условите поставени од страна на Европската заедница. Притоа, републиките на СФРЈ кои барале меѓународно прзнавање, со помош на претседавачот на Конференцијата за Југославија, ги проследиле пријавите до Арбитражната комисија (предводена од франускиот правен експерт Робер Бадентер), која требало да даде мислење пред да се донесе дефинитивната одлука за признавање. Претседателот на Република Македонија, Киро Глигоров, навреме ја поднесол пријавата за меѓународно признавање, а Арбитражната комисија подготвила прелиминарен текст којшто го испратила до Република Македонија. Во мислењето на Арбитражната комисија (точката 2а) се изразувала одреден сомнеж во однос на желбата на Македонија за стекнување независност, предизвикан од вториот дел на референдумското прашање. Поради тоа, на 11 декември, во весникот „Нова Македонија“, претседателот Глигоров објавил реакција поради прелиминарното решение на Арбитражната комисија. Во писмото испратено до Бадентер, Глигоров го опишал доследното, последователно донесување правни акти за независноста на Македонија и дал објаснување за вториот дел од референдумското прашање – неговото убедување дека состојбата во СФРЈ ќе се смири со посредство на меѓународната заедница и дека ќе се создаде нов сојуз на републиките.[3]

При приемот на Република Македонија во членство во Обединетите Нации, под референцата Поранешна Југословенска Република Македонија, го одржал првиот говор пред Генералното собрание на Обединетите Нации на 7 април 1993 година. На општите претседателски избори со мнозинство гласови повторно бил избран за претседател на Републиката, 16 октомври 1994 година. На 13 септември 1995 година во седиштето на Обединетите Нации била потпишана Привремената спогодба за нормализација на односите со Грција. На 2 октомври, во Белград го потпишал договоор за признавање со Сојузна Република Југославија, а следниот ден, на 3 октомври 1995 година, врз Глигоров бил извршен атентат во Скопје. По неколкумесечното лекување, на 10 јануари 1996 година Глигоров се вратил на својата претседателска должност. Во Хелсинки со свечена изјава на Глигоров било потврдено пристапувањето на Република Македонија кон Завршниот документ на КЕБС, на 29 мај 1996 година.

Глигоров за своето успешно, конструктивно водење и регулирањето на меѓународните односи на македонската држава бил добитник на бројни меѓународни награди и признанија. По говорот на Универзитетот во ПитсбургСоединетите Американски Држави бил прогласен за почесен доктор на Универзитетот, на 21 септември 1997 година. На 5 јануари 1998 година во Неапол му била врачена Медитеранската награда за мир. По истекот на вториот претседателски мандат, го отстапил претседателското место на новоизбраниот кандидат Борис Трајковски.

Глигоров беше оженет со Нада Глигорова, ќерка на Стојан Мишев. Киро Глигоров беше најстариот македонски политички функционер. На 17 ноември 1999 година, кога заврши неговиот втор претседателски мандат, тој имаше 82 години, а во 2000 година Гинисовата книга на рекорди го забележа Глигоров како најстар претседател на држава во светот. Глигоров починал во длабока старост, 94 години, на 1 јануари 2012 година во својот дом во Скопје.