На овие слики, се последните неколкумина (за радост малкумина) непрофесионалци од Полициската станица Прилеп, коишто се спремни да погазат и устав и закон, и полициска заклетва, да згазат на честа на целата полиција, да ја злоупотребат својата службена положба на денот на изборите, само за да го заштитат КРИМИНАЛОТ НА НИКОЛА ГРУЕВСКИ.
Овие полицајци, наместо да ја работат на безбедноста на граѓаните за што се платени со народни пари, учествуваат на партиски средби во работно време, за што е известена внатрешната контрола на МВР од страна на Општинската организација на СДСМ Прилеп.
Само едно нека не заборават, повеќе никој не е над законот. Завршува диктатурата. За секоја злоупотреба во изборни цели, ЌЕ ОДГОВАРААТ. А законот е строг, НАЈМАЛКУ 5 ГОДИНИ ЗАТВОР за предизвикување изборни нерегуларности, поткуп, закани и слично во изборни цели. Овој пат се ќе биде евидентирано, за секој што ќе го прекрши законот, ќе следи соодветна постапка од страна на надлежните институции.
За среќа, најголем дел од полицијата, безмалку сите други, се вистински ПРОФЕСИОНАЛЦИ и одлучно ќе застанат во одбрана на законите на Република Македонија и сериозно ќе одговорат на сите обиди за изборни нерегуралности. Ќе го заштитат највисокото демократско право на секој граѓанин, да гласа слободно според својата волја.
До сите директори/ки на државни и јавни институции. И тие како и овие малкумина полицајци, мислат дека ќе ја злоупотребат државната позиција во корист на КРИМИНАЛЕЦОТ ГРУЕВСКИ. Веќе се закануваат, вршат притисок врз граѓани и фирми, манипулираат со цели семејства за добивање или одземање на социјална помош, но НЕКА НЕ ЗАБОРАВААТ, ниту тие не се над законот, за секоја евентуална злоупотреба од нивна страна за време на изборниот процес, ЌЕ ОДГОВАРААТ.
Во недела, прилепчани, ќе изберат слобода и напредок, и ќе стават крај на криминалната власт.

(ФОТО ГАЛЕРИЈА) СДСМ ПРИЛЕП : ПОСЛЕДНА ОПОМЕНА ДО ПАРТИСКАТА ПОЛИЦИЈА
ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ