(ФОТО ГАЛЕРИЈА) СДСМ во Прилеп преку отворена дебата со граѓаните на претстави ,,Визијата за Македонија”

0
1866

Во рамките на активостите на СДСМ вчера во домот на културата ,,Марко Цепенков” во Прилеп опозициската СДСМ одржа трибина на тема ,,Визијата за Македонија” која впрочем е и новата платформа на здружената опозиција.

tribina.prilep

„Македонија да се врати на патеката и принципите при создавањето како независна држава во 1991 година, кога нејзин претседател беше Киро Глигоров“,порача Оливер Спасовски, генерален секретар на СДСМ на трибината што на тема „Визијата за Македонија“, се одржа синоќа во Прилеп.

Тој ги соопшти петте столбови на новата партиска Програма, која што според заложбите треба да отвори нова страница во македонската социјална, економска, политика на стабилност на државата.

„Програмата која што ќе ја добие секое семејство се потпира на пет столбови. Првиот е одговорна власт и контрола на таа власт, што ќе ја сочинуваат стручни, компетентни, чесни граѓани. Вториот столб се однесува на правилната распределба на доходот во Република Македонија, а третиот на економски развој и нови работни места.Со овој трет столб, всушност и домашните инвеститори ќе добијат ист третман како и странските. А, целта ни е, да не се фалиме веќе со ефтина работна сила, туку со достоинствени работници“, рече Спасовски.

Општество по европски терк, како што соопшти е четвртиот, а стабилноста на државата петтиот столб на новата Програма на СДСМ.Заложбите практично се во правец на изградба на македонското како едно општество, во кое натаму ќе нема делби на граѓаните како „досега по сите основи“.

„Оваа е победничка програма за овие избори. А, колку повеќе не притискааат, толку ќе бидеме похомогени“, акцентираше Спасовски.

Тој ги повика слободоумните демократски настроени членови на ВМРО  ДПМНЕ и сите граѓани да се приклучат на СДСМ во борбата до конечна победа против оваа власт.

„Готово е со режимот, доаѓа времето на демократска Македонија, затоа рамо до рамо, целодневно до 24 април следната година, да одработиме“, ги повика своите членови генералниот секретар Спасовски.

На оваа трибина по ресори беа презентирани детали од партиската програма, кои се однесуваат на подобрување на економската клима, состојбата на земјоделците посебно и генерално стратегијата за поголема стабилност на државата.

tribina.prilep2tribina.prilep3tribina.prilep9 tribina.prilep10 tribina.prilep4 tribina.prilep5 tribina.prilep6 tribina.prilep7 tribina.prilep8tribina.prilep12 tribina.prilep13 tribina.prilep14