(ФОТО ГАЛЕРИЈА) ПЕТРЕ ГО НАПРАВИ СКОПЈЕ НАЈУБАВ, КОНЕЧНО ЗАВРШЕНА ТАРТАН ПАТЕКАТА ЗА СПОРТИСТИ

0
910

Граѓаните на Скопје од денеска имаат можност да се рекреираат на првата тартан патека што е оформена околу малото езеро во вториот дел од Градскиот парк, во еден од најживописните делови на паркот. Патеката е наменета за сите граѓани, а не само за професионалните спортисти.

Сенките од околните дрвја ја штитат патеката од директните сончеви зраци, што ја прави атрактивна и за во летниот период кога многу граѓани го користат паркот за прошетки, одмор и рекреација. Околу тартан патеката е поставена и соодветна урбана опрема и придружни содржини како инфо табли, чешми, клупи и корпи за џебен отпад.

Фото: Град Скопје