(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Обновена уништената урбана опрема во парк шумата Гази Баба

0
950

Акцијата за чистење и обнова на урбаната опрема во парк шумата Гази Баба продолжува и овој викенд. Заеднички екипи на ЈКП Гази Баба и ЈП Паркови и зеленило и денеска на терен ја чистеа парк шумата Гази Баба, а поставена беше и нова урбана опрема.

Целта на овие активности е да се заживее парк шумата, како убаво место за одмор и рекреација на граѓаните уживајќи во убава природа која се наоѓа во срцето на градот Скопје.

За жал иако минатиот викенд при работните акции беше поставена и обновена урбаната опрема, по неколку дена истата беше целосно уништена. Денес при оваа акција беше извршена повторна интервенција и обновување на уништената урбана опрема.

Апелираме до сите граѓани да ја чуваат и одржуваат поставената урбана опрема и во парк шумата, но и низ целата општина, да ги сочуваме јавните зеленила чисти и отпадот кој при нашиот престој во природа го правиме да биде уредно собран во соодветните корпи.

Само на овој начин парковите нема да бидат претворени во депонии, а урбаната опрема ќе биде во функција. Свеста кај секој од нас мора да биде поголема, затоа што од нас зависи.