(ФОТО ГАЛЕРИЈА) Нов протест пред режимското дувло во Уставен!

0
489

И денеска стотици граѓани излегоа на протестот пред Уставниот суд да повикаат на оставки на петмина уставни судии кои покренаа постапка на оценување на уставноста на Законот за помилување. Говорниците и присутните повикаа судиите да престанат да бидат извршители на власта, да го зачуваат дигнитетот и да ја повлечат одлуката.

„Да го одбраниме Уставот од уставните судии“ останува главна парола на граѓанските собири кои започнаа дента кога беше донесена одлуката за приспитување на законот. Граѓаните во ваквиот потег препознаваат обид на власта да се амнестира за одговорноста за изборните нерегуларности и затоа целата постапка им е незаконска. Прво, иницијативата на адвокатот од Охрид Ристо Китевски беше експресно ставена на дневен ред, потоа тајмингот е намерно избран кога Специјалното обвинителство отвори истрага за криминалните избори и на крајот уставните судии кои се приврзаници на ВМРО ДПМНЕ покренаа иницијатива за нешто што е уставно.

u2 u3 u4