Почитувани претставници на медиумите најпрвин благодарам на интересот.
Навистина значаен ден за Аеродром, но и значаен ден за сите нас, бидејќи за многу кратко време почнуваме реално она за кое што зборувавме долго време да го применуваме.
Техничкиот аспект од отворањето на оваа канцеларија овде го опиша и министерот, а и градоначалникот кажа колку е ова значајно за жителите на оваа општина.
Она што јас сакам да кажам е дека ваквите канцеларии кои кога ќе се отворат насекаде, целата територија на државата, тогаш ќе можеме да зборуваме дека конечно во Македонија имаме реална борба против корупција.
И ова е во таа насока, дигитализирањето, транспарентните услуги, сето ова што се случува ја намалува можност за корупција. Знаете како беше, тоа не така одамна, кога за 500 денара требаше да ви направи некој услуга и да извадите извод од родените. Така од прилика тоа функционираше.
Исто така ќе ве потсетам на сите оние гужви и понижувачки моменти за македонските граѓани, кога мораше да вадат патни исправи, лични карти, возачки дозволи, сето тоа. Сега сето тоа е минато за многу кратко време, за 4 месеца, успеавме сето тоа да го сведеме во рамките на законскиот рок.
Денеска испробавме како ова тука и во суштина функционира. Така што продолжуваме и понатаму да го испорачуваме она која што сме се обврзале пред граѓаните дека ќе го испорачаме.
Но, она што мене ме прави задоволен е што конечно ќе биде целиот овој процес на користење на овој тип на услуга на неколку институции олеснет за сите граѓани низ целата територија на државата.
Започнуваме оттука, еве Стефан кажа, уште неколку канцеларии, тоа што од претходната влада на СДСМ и ДУИ, е направено за 7 години, сега ќе биде направено за 7 месеци. Некако бројот 7 е симболичен.
Но како и да е, продолжуваме и понатаму да работиме и да испорачуваме тоа што е наша обврска и должност.
Ете уште еднаш честитам и нека се аирлија ваквите услуги и да можеме што повеќе вакви објекти да отвораме низ целата држава.