Friday, December 13, 2024
7.8 C
Skopje

ФОТО ГАЛЕРИЈА : МВР ГРАДИ ПАРТНЕРСТВА, ТОШКОВСКИ ВО ПОСЕТА НА ЦЕНТАРОТ ЗА БОРБА ПРОТИВ ТЕРОРИЗАМ НА УНГАРИЈА

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во рамките на посетата на Будимпешта каде предводеше делегација на МВР на 7 Министерска конференција од Будимпештанскиот процес ги посети специјализираните оддели TEK (Центар за борба против тероризмот) и Keszenleti Rendőrség (Оддел за брз одговор и специјални полициски служби) на унгарската полиција.

„Во рамките на двете посети реализирав средби со директорите на кои ми беше презентирана организациската структура и капацитетите на овие оддели, како и нивниот пристап во справување со современите безбедносни предизвици.

Разговаравме за можности за соработка во делот на обуките за нашите полициски сили, со цел јакнење на капацитетите и унапредување на знаењата и вештините кои се од витално значење за справување со најразлични безбедносни ситуации.

Оваа размена на искуства ме увери дека постои силна поддршка и подготвеност за заедничко делување и партнерство, кое ќе придонесе за подобра безбедност во нашиот регион. “, истакна министерот Тошковски. Министерот Тошковски ја потенцираше уште еднаш посветеноста на градење меѓународни односи и партнерства кои ќе ја зајакнат нашата полиција и ќе обезбедат поголема безбедност за сите наши граѓани.

ОВАА НЕДЕЛА

МЕП МУРТЕЗАНИ ПОТПИША МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА СО МОЛДАВИЈА ЗА ПРОЦЕСОТ НА ЕУ ИНТЕГРАЦИЈА

Во рамки на работната посета на Република Молдавија, министерот...

МВР : ЗАПЛЕНЕТИ ОКОЛУ ЧЕТИРИ ТОНА МАРИХУАНА ВО ВАЛАНДОВСКО

Од страна на полициски службеници од Одделот за криминалистичка...

ТРЕНЧЕВСКА : ВМРО-ДПМНЕ ГО РУШИ ЗАКОНОТ ЗА ЈАВНИ НАБАВКИ, СИ ОТВОРА ПАТ КОН МАСОВНА КОРУПЦИЈА

Прес конференција на СДСМ - Јована Тренчевска, пратеничка Со предложените...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ