Wednesday, March 26, 2025
11.8 C
Skopje

ФОТО ГАЛЕРИЈА: МАНЧЕСТЕР ЈУНАЈТЕД ЌЕ ГРАДИ НОВ ТЕАТАР НА СОНИШТАТА, ЛЕГЕНДАРНИОТ ,,ОЛД ТРАФОРД” ЌЕ БИДЕ СРУШЕН

Познатиот фудбалски клуб Манчестер Јунајтед ја најави изградбата на најголемиот стадион во Велика Британија, вреден две милијарди фунти (околу 2,3 милијарди евра), со капацитет од 100.000 седишта.

Откако ќе заврши изградбата, култниот стадион „Олд Трафорд“ во Манчестер ќе биде урнат.

Косопственикот на клубот Џим Ретклиф изјави дека сака да го изгради „најголемиот фудбалски стадион во светот“ и се надева дека ќе биде завршен за 5 години.

Соопштението од таборот на „црвените ѓаволи“, како што гласи прекарот на фудбалерите на Јунајтед, е објавено по опсежни консултации дали да се реновира постоечкиот стадион или да се изгради нов.

„Олд Трафорд“ е дом на Манчестер Јунајтед од 1910 година.

Извори од клубот претходно изјавија дека нема да биде исплатливо да се намали капацитетот на стадионот и потенцијално да се користи за женски или младински тим.

Новиот стадион ќе го дизајнираат архитектите на „Фостер и Партнерс“.

Ќе има, велат тие, специфичен дизајн на покривот и јавен плоштад кој е „двојно поголем од плоштадот Трафалгар“, познатиот плоштад во центарот на Лондон.

Покривот треба да се состои од три јарболи, опишани како „трозајник“ – во склад со прекарот „Црвени ѓаволи“ – за кои архитектите велат дека ќе бидат високи 200 метри и видливи од далечина од 40 километри.

Од клубот, кој во моментов должи милијарда фунти, не објаснија како планираат да ја финансираат изградбата на новиот стадион.

Извршниот директор Омар Берада е уверен дека тоа е „многу атрактивна можност за инвестирање“ и дека Манчестер „ќе најде начин да го финансира стадионот“.

Стадионот ќе биде дел од поширокото реновирање на просторот на Олд Трафорд, соопштено е.

Јунајтед вели дека целиот проект има потенцијал да отвори 92.000 нови работни места, да изгради 17.000 домови и да донесе дополнителни 1,8 милиони посетители годишно.

Во последните години имаше многу критики за „Олд Трафорд“, најголемиот клупски стадион во Англија, со капацитет од 74.140 седишта, пред се поради проблеми со истекување.

Во него не е значително инвестирано од 2006 година.

Од клубот велат дека разговарале за сите планови со локалните жители и навивачите за да утврдат дали се за нов стадион или за опсежни подобрувања на Олд Трафорд.

Се проценува дека реновирањето би чинело околу 1,5 милијарди фунти, додаваат тие.

Компанијата „Фостер и Партнерс“ го дизајнираше новиот „Вембли“, отворен во 2007 година, како и стадионот „Лусаил“, каде што се играше финалето на Светското првенство во 2022 година во Катар.

ОВАА НЕДЕЛА

ПУКАЊЕ ВО ЦЕНТАРОТ ЗА СОЦИЈАЛНИ РАБОТИ ПРИЛЕП, СО ОГНЕНО ОРУЖЈЕ Е РАНЕТА ЕДНА СЛУЖБЕНИЧКА

Денес околу 14 часот вооружено лице упаднало во просториите...

ЗНМ: НЕПРИФАТЛИВА Е ХАЈКАТА НА СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ПРОТИВ НОВИНАРОТ АЛЕКСАНДАР МИТОВСКИ

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) остро реагира на...

МАРКОВСКИ: ОДЗЕМАЊЕТО НА ТОЛКУ МНОГУ ЛИЦЕНЦИ Е ПОРАЗИТЕЛЕН ФАКТ

Вкупно 479 фирми за градежништво, урбанистичко планирање, проектирање и...

НИКОЛОСКИ: ЗАПОЧНУВАМЕ БОРБА ПРОТИВ АДМИНИСТРАТИВНАТА МАФИЈА

Владатa донесе седум измени на закони со кои ја...

ЃОРЃИЕВСКИ: ВРЕМЕ Е ЗА ЦЕЛОСЕН СИСТЕМСКИ РЕСЕТ

Претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода,...

ФУДБАЛЕРИТЕ НА МАКЕДОНИЈА ГО ЗАПРЕА МЕЧОТ СО ВЕЛС ВО 59ТА МИНУТА ВО ЧЕСТ НА ЖРТВИТЕ ВО КОЧАНИ

Македонската фудбалска репрезентација им оддаде почит на 59 жртви...

ПРИВЕДЕН ПОРАНЕШНИОТ ДИРЕКТОР НА ДРЖАВНИ ПАТИШТА, ЕЈУП РУСТЕМИ И УШТЕ ТРИ ЛИЦА

Во полициска акција денеска приведени се поранешниот директор на...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ