Илјадници штипјани се собраа на собирот на СДСМ „Граѓаните заедно за Вистината за Македонија“ на плоштадот Слобода во Штип, каде покрај другите, говореше претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
Претходно се маршираше по штипските улици, а високи функционери на СДСМ се среќаваа со граѓаните на Штип.
Попладнево во Штип беа презентирани 22-те „бомби“. Со почеток во 14 часот во Домот на културата „Ацо Шопов“ во Штип, нив на прес-конференција ги емитуваше Владимир Милошев, претседател на Општинската организација (ОО) на СДСМ во Штип.