Thursday, January 16, 2025
1.8 C
Skopje

ФОТО ГАЛЕРИЈА : ЗАПОЧНА АКЦИЈАТА ,,НОВОГОДИШНА КОШНИЦА”, ПОВЕЌЕ ОД 960 ПРОИЗВОДИ СО ПОНИСКИ ЦЕНИ ЗА ГРАЃАНИТЕ

Денес започна акцијата „Новогодишна кошница“ која до овој момент опфаќа повеќе од 960 производи и ќе трае од 15 декември до 15 јануари.

Оваа акција е направена на иницијатива на бизнис секторот, каде тие понудија производите кои сe понудени по пониски цени за граѓаните од најмалку 10 проценти.

Преку оваа мерка директно помагаме за подобрување на животниот стандард на граѓаните новогодишните празници да ги поминат во пристојни услови.

Сите производи кои се опфатени со акцијата се обележани на рафтовите на маркетите со ознаката „Се грижиме! Помалку трошоци, повеќе за тебе“.

Во акцијата досега се приклучени над 90 производители и дистрибутери на производи, а производите од денес се достапни за граѓаните во 38 ланци на маркети.

Сите информации за акцијата, листата на производи и компаниите кои се дел од кошницата (производители, дистрибутери, маркети…) се објавуваат на интернет страната www.mojakosnica.mk.

Листата на производи не е затворена и сите заинтересирани можат да се пријават со свои производи на [email protected].

Апелираме компаниите доследно да ја почитуваат акцијата која што самите ја креираа, а доколку граѓаните имаат забелешки истите да ги пријават до Државниот пазарен инспекторат на бесплатниот телефонски број 191 или на веб страната www.dpi.gov.mk .

ОВАА НЕДЕЛА

БУГАРИЈА КОНЕЧНО ДОБИ РЕДОВНА ВЛАДА, ПРЕМИЕР Е РОСЕН ЖЕЉАЗКОВ

По седум парламентарни избори, политичка нестабилност и технички влади,...

ТРИПУНОВСКИ ОД БЕРЛИН : РАБОТИМЕ СО ЈАСНА ВИЗИЈА ЗА ПРОИЗВОДСТВО НА ВИСОКОКВАЛИТЕТНО ФЛАШИРАНО ВИНО

Вечерва министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски...

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО ГАШИ СО АМБАСАДОРОТ НА АЗЕРБЕЈЏАН, КАМИЛ КАСИЈЕВ

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, имаше средба со нерезидентниот...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ