Ова е десетици милииони евра вредниот хотел во Сончев Брег, Бугарија, кој се гради веќе 10 години и никако да се заврши. Наши читатели ни ги пратија сликите со информација дека големи се шансите ова да е инвестиција на екс премиерот Љубчо Георгиевски во партнерство со екс премиерот на Бугарија, Иван Костов.
Во интервју неодамна, Љубчо се пожали дека одредени бугарски бизнисмени му украле пари. Дали се работи за овој хотел?!
Пред неколку месеци Љубчо купи локација и во Скопје, спроти владата, од другата страна на Вардар каде има намера да гради хотел…