(ФОТО ГАЛЕРИЈА) ДОКТОРОТ СИ ГРАДИ ВО ЦЕНТАРОТ НА ПРИЛЕП

0
287

Продолжуваме со тековните активности за инфраструктурно уредување на градот и населените места.

Покрај реконструкцијата и рехабилитацијата на улиците, континуирано работиме на поставување бекатон на тротоари и јавни површини во повеќе делови од градот, на „Ленин“ и „Кресненско востание“, како и на просторот помеѓу улиците „Бидимаш“ и булеварот „Гоце Делчев“, во населбата „Бончејца“.

Со полн ек се одвиваат работите на улицата „Прилепски бранители“, а започнаа и градежните активности на последната фаза од реконструкцијата на булеварот „Гоце Делчев“, од раскрсницата кај поранешната Градска кафеана, до семафорите пред ЦК „Марко Цепенков“.

Истовремено, со обележувањето на велосипедските патеки и поставувањето на хоризонталната сигнализација, комплетно се заокружува првата фаза од реконструкцијата на главната сообраќајна артерија во градот, булеварот „Гоце Делчев“, кој со новиот лик ќе претставува гордост на градот и на граѓаните на Прилеп.
#ОпштинаПрилеп
#ГрадимеПоПлан

Фејсбук статус на градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски.