(ФОТО ГАЛЕРИЈА) ДОКТОРОТ НА ПРИЛЕПЧАНИ ИМ ГО НАПРАВИ ГРАДОТ И ЦЕНТАРОТ ВО ПРИЛЕП ПО ЕВРОПСКИ ТЕРК : ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ПРИЛЕП ЈОВАНОСКИ ИМ ЈА РЕКОНСТРУИРА ПАТНАТА МРЕЖА ВО ГРАДОТ И НАСЕЛЕНИТЕ МЕСТА

0
742

Изградбата на патната инфаструктура во општина Прилеп продолжува со
несмален интензитет.

Главната сообраќајна артерија на градот, булеварот „Гоце Делчев“, полека го
добива новиот лик. Согласно проектот за негова комплетна реконструкција, на
пешачката зона на едниот дел од булеварот веќе се поставени новите гранитни
плочки како и тактилните траки за безбедно движење на слепите лица, а се
работи на изградба и на велосипедските патеки.

Булеварот ќе има две коловозни ленти во едниот и две во другиот правец, кои
меѓусебно ќе бидат одделени со зелен појас во кој ќе биде поставено новото
осветлување. Од вчера започна реконструкцијата на улицата „Прилепски
бранители“, која е составен дел од проектот, а која ќе има три коловозни ленти.

Изминатиот период комплетно беа рехабилитирани и реконструирани уште
неколку улици и патишта, меѓу кои и „Андон Слабејко“, „Белградска“, патот од село
Волково преку Прилепец до манастирот „Св.Никола“, а асфалт добија и улиците
во населените места Големо и Мало Коњари, Алинци, Галичани, Лагово.
Истовремено, деновиве привршуваат реконструктивните работи на улиците
„Самоилова“ и „Војводинска“ во населбата „Точила“.

Паралелно, се поставуваат бекатон плочки на улиците „Васко Карангелески“.
„Ленин“ и Егејска“, а деновиве инфраструктурно ќе биде уреден просторот кај
зградите меѓу булеварот „Гоце Делчев“ и „Бидимаш“, на потегот помеѓу детската
градинка „Бончејца“ и преминот преку железничката пруга.

Според предвидената програма за работа на полето на инфраструктурното
уредување на локалната самоуправа, следува имплементација на редица други
проекти во градот и населените места, меѓу кои и асфалтирање на улици во
Канатларци, Ерековци и Тополчани, како и почеток на изградба на канализација
во Големо Коњари.