Во вториот дел од посетата на Левица од страна на претставниците Централниот Комитет на Комунистичката партија на Кина (КПК), предводена од заменик-министерот за надворешни работи Чен Џоу, беше остварена во работните простории на партијата, а акцентот беше ставен на нераководните партиски тела.
Претставниците на идеолошки блиската КПК, покрај со внатрешната структура, организација и принципи за работа на партијата, кои беа претставени на билатералниот состанок со Президиумот, од претставниците на Црвена Младина, АФЖ и Левичарскиот институт „Рацин“ директно беа запознаени со работата на нераководните партиски тела, нивната улога во организацијата, како и секојдневните активности и заложби изминатите години на работа во партијата.
Овој дел од посетата беше во насока на споделување на знаења, искуства и практики во градењето на организацијата и кадровската политика кои се клучен елемент за водење на квалитетни политики.
Состаноците беа заокружени со заеднички заклучоци, но и бројни идеи за соработка во перспектива на повеќе партиски нивоа. Импресиите од работните состаноци беа обострани, а двете страни согласни за унапредување на дијалогот и продлабочување на партиската соработка на Левица и КПК.