Во рамките на четвртото издание на „Струмица опен фест“, покрај езерцето во големиот градски парк се одржа втората вечер на поезијата.
Меѓу своите сограѓани, љубители на убавиот пишан збор, беше и градоначалникот на општина Струмица и актуелен претседател на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија, Зоран Заев
На манифестацијата присуствуваа претседателот на Советеот на општина Струмица Јосиф Христов и членови на Советот, нормално како по некое правило само од советничката група на здружената опозиција. Синоќа стихови од својата поезија читаа поетите Никола Маџиров и Ристо Лазаров.
Фото : Јул Медиа