По големите поројни дождови во Пелагонискиот регион многу прилепски села беа погодени од огромните поројни дождови каде што најпогодени се селата Големо и Мало Коњари. Како што секоја година ги изненадуваат поплавите локалните власти така и оваа година локалната власт изненадена од поплавите од жителите на Големо и Мало Коњари добијаа писмено барање од општината да се прочистат каналите за да се спречи оваа елементарна непогода по којзнае кој пат.
Жителите велат дека во селото се веќе поплавени шталите, куќи како и огромен број на ниви од каде голем број на семејства лебот го заработуваат со производство на тутун.
До кога жителите на село Големо-Коњари ке трпат штети од поплавите , до кога патиштата , куќите , шталите , и ред други работи ке бидат под вода и зошто никој не направи ништо после претходните поплави кои се случија во Големо Коњари, или вашата цел беше само да дојдите и да се сликате со поплавените фамилии и да ветите како и секогаш што сте ветувале но ништо ни од тоа, велат жителите од Големо и Мало Коњари по синоќешните поројни дождови кои направија значителна штета во селото.
Исто така поплавен е и регионалниот пат Прилеп- Крушево додека пак од општина Прилеп воопшто не се преземаат никакви мерки и покрај пртходните предупредувања дека ќе се случи оваа елементарна непогода.