(ФОТО ГАЛЕРИЈА) АНГЕЛОВ: ДА НЕ ПОМИСЛАТ ДА ГО АПСАТ ЗАЕВ, ОТИ ЌЕ ПАДНЕ КРВ!

0
517

Angelov-MRT-5

Власта преку црни сценарија планира да ја дестабилизира Македонија. Откако лидерот на опозицијата Зоран Заев почна да ги објавува нивните криминали со снимки од телефонски разговори се закануваат дека ќе го уапсат. Им порачувам да не си играат, ни на сон да не помислат да го апсат оти ќе падне крв, порача генералот Стојанче Ангелов пред илјадата граѓани кои и денеска, како и изминатите саботи, организираат мирни протести пред зградата на Македонската радио телевизија.

Претседателот на партијата „Достоинство“ најави дека викендот после Велигден на голем собир ќе се собере народ кој јавно, слободно и демократски ќе побара да си замине оваа влада.

Ангелов нагласи дека Македонија кризната 2001 година потрошила една милијарда германски марки, а оваа, како што рече, криминална влада украла и потрошила милијарди евра.

Тој уште еднаш потсети дека важи понудата од милион евра за било кој јавен обвинител во Македонија што ќе го уапси лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер на Македонија, Никола Груевски.

На денешниот собир пред МРТ беа голем број семејства со деца, актери, политичари, бизнисмени, кои имаа можност да уживаат во беспрекорните изведби на „Белизе бенд“, кои со преработки на стари македонски песни ја отсликаа денешната политичка криза.

Angelov MRT 1 Angelov MRT 3