(ФОТО) Во Атина денес се сретнаа Заев и Мицотакис

0
53

Да му покажеме на остатокот од светот, дека секој договор, пријателство, ракување носи бенефит за граѓаните, рече премиерот Зоран Заев на панелот посветен на иднината на Западен Балкан на конференцијата на Економист. На панелот, на кој зборуваше и албанскиот премиер Рама и екс шефицата на грчката дипломатија Бакојани, Заев потенцира дека мора да се инвестира во добрососедските односи и да се надминат сите отворени прашања. Изрази очекување дека до крајот на годинава Македонија ќе ги почне преговорите со Унијата и дека целта не е само да се стане членка, туку и да се европеизира државата. Ваквите очекувања, Заев пред малку му ги изнесе и на грчкиот колега Мицотакис пред почетокот на работниот ручек во Атина, на кој според најавите, станало збор и за имињата на брендовите, избегнување на двојото оданочување, заштита на инвестициите и повеќе сегменти од договорот од Преспа, пренесе Канал 5.

Влеговме во НАТО, почнуваме преговори со ЕУ, првата меѓувладина конферецнија се очекува во декември. Многу сме среќни. , рече Заев на средбата.

Заев, заедно со неколкучлената делегација претходно се сретна и грчката претседателка Сакаларопулу, на која изразил увереност дека Грција ќе биде еден од главните лобисти за успешен старт на првата меѓувладина конференција за време на германското претседателство. Претходно, даде интервјуа за повеќе медиуми. Во гостување за грчка Мега, тој потенцира дека исполнувањето на Преспанскиот договор останува приоритет на владата, а посочи дека следниот месец во Скопје ќе допатуваат коморите од Грција во обид да се најде договор за бренд имињата на продуктите.

Оваа пандемија не запре. Се надевам дека целиот регион, Грција, Македонија, Југоисточна Европа ќе ја надмине час поскоро.

Голема чест е за мене, се борев и сонував дека ќе дојдам тука да се сретнам со вашите лидери, претседателот, премиерот и другите претставници. Мислам дека сум добар пријател со премиерот Мицотакис и секако, кон крајот на денот ќе најдам време да се сретнат и со мојот добар пријател, Алексис Ципрас., изјави Заев за Мега.

Дел од владината делегација се и Вицепремиерот Никола Димитров и шефот на дипломатијата, Бујар Османи, ќе имаат средба со грчкиот министер за надворешни работи, Никос Дендиас.