(ФОТО + ВИДЕО) ПРЕМИЕРОТ НА МАКЕДОНИЈА ЗОРАН ЗАЕВ СО НАЈВИСОКИ ДРЖАВНИ ПОЧЕСТИ НА ПРИЕМ КАЈ ЕДЕН ОД НАЈМОЌНИТЕ ЛИДЕРИ ВО СВЕТОТ, ПРЕМИЕРОТ НА ИЗРАЕЛ, БЕНЏАМИН НЕТАНЈАХУ

0
603

Македонија и Израел заедно стојат на страната на мирот во светот, ќе ја интензивираат соработката на повеќе нивоа меѓу кои и економијата,  порачаа по денешната средба во Ерусалим премиерите на двете земји, Зоран Заев и Бенјамин Нетанјаху.

– Гледаме заедно кон подобра иднина. Ги разгледуваме начините и полињата каде што можеме да соработуваме во интерес на луѓето и на нашите земји. Научивме од минатото како да ја обезбедиме иднината. Израел е технолошки развиена земја и ќе и помогне на Република Македонија, рече Нетанјаху. Израелскиот премиер изрази поддршка на евроатлантските аспирации на Република Македонија.

Македонскиот премиер Заев потенцираше дека Македонија и Израел се пријателски држави и оти немаат отворени прашања. Се надева на соработка со Израел на две нивоа, во безбедноста и светскиот мир, она за што израел, како што потенцираше, е добар пример во светот.

– Се надеваме дека низ организациите како што е НАТО, целиме да бидеме членка на НАТО, дека ќе продолжиме да соработуваме, бидејки заканите од радикализмот и екстремизмот се присутни овде во Израел и во овој регион, но исто така и за Македонија и за регионот на Западен Балкан. Соработуваме на полето на безбедноста и одбраната досега и знам дека ќе ја зголемиме соработката, бидејки е интерес на сите граѓани и нации, наведе Заев.

Нагласи дека за Македонија се значајни искуствата на Израел во иновациите и старт ап бизнисите, како и дека новата Влада ќе ги употреби израелските искуства за калитетен живот на граѓаните на Македонија.

– Имаме што да учиме од Израел, за технолошкиот развој и иновациите, за старт ап компаниите, со цел да отвориме работни места за младите. Тоа е една од најважните работи за еден премиер и за една Влада, нагласи премиерот Заев.

Тој ја нагласи и определеноста на Владата и на граѓаните на Македонија за почитување на културното наследство на Евреите.

– Потенцирам дека Македонија со голема почит го негува културното богатство на Евреите во нашата држава. Го одржуваме сеќавањето на жртвите од Холокаустот, со порака никогаш да не се повтори. Во 2011 година, беше отворен Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија, а од 2015 година активно се работи кон целосна обнова и рехабилитација на Еврејските гробишта во Битола и изградба на Спомен парк, наведе премиерот Заев.

Договорено е продлабочување на економската соработка преку воспоставување програма за технолошко усовршување и поддршка за иновации. Разгледани се можности, инженери, математичари, претприемачи од Македонија да престојуваат во Израел и да соработуваат со старт ап фирми во високата технологија.

– Се разговараше за израелски инвестиции во Македонија, за поинтензивни бизнис средби, како и за организирање поголем бизнис форум, по можнопст до крај на годината, со цел зајакнување на соработка меѓу приватниот сектор од двете држави. Исто така разгледани се и условите за засилена соработка во земјоделство, преку размена на искуства во технологијата и конкретни инвестиции, во енергетиката, со оглед на хидро-потенцијалите и обновливите извори на енергија со коишто изобилува Македонија, а Израел има големи искуства во нивната примена, како и во областа на туризмот. Во таа насока беше разгледана можноста за диреткна авионска линија на релација Скопје – Тел Авив, сопшти прес-службата на македонската Влада.

Премиерот Заев во Израел е придружуван од вицепремиерите Оливер Спасовски и Кочо Анѓушев, како и министрите за економија, Крешник Бектеши и за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски.

Посетата на Израел ќе ја заврши со средба со лидерот на опозицијата, пратеникот во Кнесетот,  Исак Херцог.