Генерал Ангелов се обрати на фејсбук по повод епилогот со проблемот со професионалните војници:
Доброутро добри луѓе!
Со своите организирани, видливи и невидливи активности, “Достинство“ успеа да ја принуди Владата да почне со решавање на проблемот со отпуштените војници кои сеуште не се вратени на работа.
Истата овој Груевски кој и сега глуми премиер до пред само две-три години не сакаше да слушне за решение на овој проблем убедувајки не дека не е возможно нашето решение.
Денес сите предлози на “Достоинство“ за професионалните војници се прифатени токму на начинот кој го предложивме уште во 2007 година.
Затоа знаеме дека нивната намера е нечесна, дека ним не им е гајле за војниците туку им требаат само нивните гласови.
Во секој случај благодарност до сите оние, и од Владата и од војниците, кои искрено, со искрени мотиви, помогнаа да се реши овој проблем.
Пожелно е, ова двеминутно видео да го погледаат сите професионални војници. (Снимено во март 2014 година, www.a1on.mk)