(ФОТО) БУЛДОЖЕР дипломатот на Меркел , Хајндл на предавање на Заев во Виена

0
1058

Јоханес Хајндл, германскиот специјален посредник во македонската политичка криза вечерва го следи предавањето на Зоран Заев, лидерот на СДСМ на тема „Македонија на крстосница“ што се одржува во истакнатиот европски институт, Форум за меѓународен дијалог Бруно Крајски во Виена, Австрија, објави Фокус.14625344_10154625467728464_1427915268_n

Како што претходно објавивме, Заев заедно со заменик претседателката Радмила Шекеринска учествува на трибина во Виена, на покана на реномираниот австриски инситут Крајски Форум за меѓународен дијалог. По предавањето на Заев вечерва се очекува да говорат и поранешниот координатор на пратеничката група на социјалдемократите во Европскиот парламент Ханес Свобода, како и Франц Враницки, поранешен канцелар на Австрија и почесен претседател на Форумот Бруно Крајски.