(ФОТО) БРАВО : АЛЕКСАНДАР СПИРКОСКИ КОЈ ГО ПРЕЛЕЖА КОВИД 19 ВИРУСОТ НА ПРИЛЕПСКАТА БОЛНИЦА И ДОНИРА ПРОЧИСТУВАЧ НА ВОЗДУХ

0
225

Овој човек за кој сме сигурни дека со своите идеи секогаш е пред времето што доаѓа,знаејќи за значењето на прочистениот воздух во болничка средина денес донираше на инфективно одделение од нашата болница,два прочистувачи на воздух.

Александар Спиркоски стрпливо и храбро го прележа корона вирусот.Во знак на благодарност и почит кон здравствениот персонал,но и за почист и попријатен воздух за дишење на пациентите кои примаат терапија ,тој од срце се заблагодари на овој начин.

Gree прочистувачите содржат хепа филтри -тоа се издувни филтри кои ја задржуваат целата нечистотија и прашина во која се содржат најголем дел бактерии и вируси.Специфични се по тоа што единствено тие ги собираат најситните честички.
Раководството на болница Прилеп од срце ти заблгодарува најпрво за твојата доверба кон нас,и за наменската донација која си ја најде својата примена.

Фејсбук статус на општата болница во Прилеп.