(ФОТО) Луксузната јахта на бизнисменот Чедо Кочан чија фирма беше тема во „бомбите“ на Заев

0
4859

Читатели на Либертас испратиле фотографии од Фејсбук профилот на Чедо Кочан, еден од тројцата браќа на познатото бизнис семејство Кочан. На фотографиите се гледа луксузна јахта, на која стои и американско знаме. Не е позната локацијата на која се направени фотографиите.

11944957_10153615237428464_565714429_n-540x540

Инаку, Чедо со двајцата браќа заедно ја поседуваат градежната фирма „Трансмет“. Чедо, како што велат нашите извори, живее како плејбој, вози луксузни коли, често е во друштво со еден од најмоќните фаци во државава, директорот на УБК, Сашо Мијалков, и низ скопските клубови тера ноќен живот со убави девојки обезбедуван од бодигарди.

11997053_10153615237418464_1013834749_n-540x540

Фирмата на браќата Кочан, „Трансмет“ е ангажирана во градби од проектот Скопје 2014, беше изведувач на работите на површинската фонтана на плоштад „Македонија“, добива тендери од град Скопје, како и од општините Аеродром, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Карпош, од ЕЛЕМ, Министерство за транспорт и врски, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Министерство за одбрана, Дирекција за технолошко индустриски развојни зони, Рудник САСА…

Повеќе за оваа сторија на Либертас ОВДЕ