Левица ги игнорира авторските права на фотографии кои ги користи во политички цели, истакна тој.
Фоторепортерот на „Фокус“, Томислав Георгиев, реагира дека негови фотографии од вчерашниот протест, по повод случувањата на клиниката на Онкологија, му биле неовластено преземени од Левица и партискиот лидер Димитар Апасиев.
„Ретко, речиси никогаш не коментирам поготово политички содржини. Се трудам преку мојата работа, преку фотографии да раскажам приказна, понекогаш и став. Меѓутоа морам да реагирам овој пат, после вчерашниот протест, партијата Левица која е исклучително гласна во контекст на легалистички насоки и правда, ги игнорира авторските права на фотографии кои ги користи во политички цели без воопшто барем да нотира извор. Јас повеќе од 10 години се „борам“ за артикулирање на овој проблем во мојата бранша, која е во „слободен пад“ и ја снемува, а секојдневни станаа лажни вести и фотографии, ама тоа е долга приказна“, напиша Георгиев.