(ФОТО)Кај Катица денеска гужва: Игор Спасов, осуден за убиството на Мартин Нешковски, изнесен од просториите на СЈО!

0
628

Додека новинарите го чекаат лидерот на ДУИ, Али Ахмети, да излезе од Специјалното јавно обвинителство, оттаму со силно полициско обезбедување беше изнесен поранешниот припадник на специјалните полициски единици, Игор Спасов, осуден за убиството на Мартин Нешковски, пренесува „Мета“,

Пред да излезе од СЈО, неколкумина полицијаци ги замолија новинарите да направат простор бидејќи треба да изнесат едно лице. Меѓу новинарите настана чудење за кого се работи, за по кратко време од вратата да излезе токму Спасов.

СЈО ја презеде надлежноста за случајот со убиството на Мартин Нешковски, бидејќи во дел од снимките што ги објави претседателот на СДСМ, Зоран Заев, минатата година, можеа да се чујат разговори помеѓу високи функционери на МВР за тој случај и за контроверзии во водењето на истрагата.

Игор Спасов еднаш веќе беше на распит во СЈО.

Тој е осуден на затворска казна од 14 години.

Извор: Мета