Friday, April 25, 2025
24.8 C
Skopje

ФОРБС го објави името на најбогатиот Македонец: Бизнис партнерот на Грујо и Мијалков, режимскиот олигарх Орце Камчев одлично се нафатирал за време на владеењето на мафијата од ДПМНЕ – Официјално тежи 238 милиони долари, ЗНАЧИ РЕАЛНО ТЕЖИ БАРЕМ ПОЛА МИЛИЈАРДА ЕВРА!

Магазинот „Форбс“ ги објави најбогатите за 2016 година. Според листата на овој магазин, САД се земја со најголем број милионери, зад неа е Кина, додека во Европа првото место го делат Германија и Велика Британија со по 120 милионери, а трета е Русија со 88 милионери.
Меѓу боатите во светот се најдоа и балканските богаташи.

Според „Форбс“, во земјава најбогат е Јордан Камчев, сопственик на „Орка Холдинг“, со 238 милиони долари вредно богатство. Втор е Минчо Јорданов, сопственик на „Макстил“ со 234 милиони долари.

Најбогатиот македонски нерезидент е Мајк Илиќ, основач на фаст-фуд франшизата „Little Caesars“, сопственик на „Детроит ред вингс“, „НХЛ тим“ и „Детроит тајгерс тимот од MLB“, со богатство од 6,1 милијарди долари.

Во регионот најбогато е хрватско-чилеанското семејство Луксиќ, со нето вредност од 15 милијарди долари. По нив следува австро-хрватскиот милијардер Дитрих Матешиќ, сопственик на „Ред бул“, со богатство од 13,4 милијарди долари. Зад нив е Ивица Тодориќ, сопственик на „Агрокор“, со 499 милиони долари и Емил Тедески, сопственик на „Атлантик груп“, со нето богатство од 208 милиони долари.

Кај Словенците најбогати се Иза и Само Логин, парот кој заработи енормно богатство од апликацијата „Токинг Том Кет“. Нивните пари се проценети на 700 милиони долари, а зад нив е Јол Печечник, сопственик на „Интерблок“, со богатство од 266 милиони долари.

Најбогат Србин е Филип Цептер, чие богатство се проценува на пет милијарди долари, тој е основач на компанијата „Цептер интернешнел“, а иако не живее во Србија, има српско државјанство. Миодраг Костиќ, сопственик на „МК груп“ има богатство со вредност од 540 милиони долари,а додека Мирослав Мишковиќ, располага со 520 милиони долари.

Најбогати во Босна и Херцеговина се Кенан и Дамир Хастор, кои го наследија „Превет и АСА груп“ од таткото Нијаз и располагаат со 412 милиони долари. Зад нив е Изудин Ахметиќ, сопственик на „HIFA Group“, со имот од 364 милиони долари.

Меѓу Црногорците најбогат е поранешниот премиер на Тајланд, Таксин Шинаватра кој го доби црногорското државјанство со богатство од 1,61 милијарди долари. На второ место е семејството на премиерот Мило Ѓукановиќ кое располага со 167 милиони долари, но „Форбс“ наведува дека за богатството на Ѓукановиќ не постојат официјални податоци.

ОВАА НЕДЕЛА

СДСМ: ДОДЕКА ДПМНЕ, ЗНАМ И ВЛЕН СЕ РАСПРАВААТ, ЦЕЛИОТ СИСТЕМ СЕ РАСПАЃА

Владата предводена од ДПМНЕ, ЗНАМ и ВЛЕН е најнеспособната...

БЛУМБЕРГ: САД ЌЕ БАРААТ РУСИЈА ДА ГО ПРИЗНАЕ ПРАВОТО НА УКРАИНА НА СОПСТВЕНА АРМИЈА И ОДБРАНБЕНА ИНДУСТРИЈА

Соединетите Американски Држави планираат да побараат од Русија експлицитно...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ