Friday, February 14, 2025
5.8 C
Skopje

ФОНДАЦИЈАТА ,,НИКОЛА ЈАНЧЕВ” СО ДОНИРАНИ ПЛАТИ НА МИТКО ЈАНЧЕВ ЌЕ ГИ ФИНАНСИРА ПРОЕКТИТЕ НА МАНУ, ЗА АКАДЕМИЈАТА ДОНИРАНИ СЕ 81.000 ЕВРА

Вкупниот износ на донација досега изнесува околу 5 милиони денари, односно околу 81.000 евра. Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) и Фондацијата „Никола Јанчев“ потпишаа договор за соработка и за донација, на три години. Ова е резултат на посветените заложби на градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев и одборот на Фондацијата. Поддршката е важен поттик за понатамошен развој на МАНУ, која има клучна улога во сочувувањето на нашето уметничко и културно наследство.

МАНУ, како највисока и самостојна научна и уметничка институција во земјата, игра одлучувачка улога во следењето на состојбата во науките и уметностите и во нивното унапредување. Академијата се залага за оспособување и усовршување на научно-истражувачките и уметничките кадри, како и за заштита и афирмација на македонското културно наследство и природни ресурси. Фондацијата „Никола Јанчев“ дејствува во решавање на важни прашања, а со својата грижа и донации придонесува за долгорочен и одржлив развој на својата заедница.

Фондацијата помага онаму каде е најпотребно, а фондот се гради од донираната градоначалничка плата од страна на Митко Јанчев, како и од средствата дадени од компанијата „Кожувчанка“. Вкупниот износ на донација досега изнесува околу 5 милиони денари.

„МАНУ помина низ значајна етапа од својот развој, но како и сите други институции, се соочува со големи предизвици што ги носи времето. Во наредните години, Академијата ќе продолжи да работи на остварување на својата мисија и визија, со цел да даде целосен придонес во интеграцијата на македонската наука и уметност во современите европски и светски научни текови, па затоа оваа соработка е од големо и клучно значење“, соопшти Фондацијата.

– Како претседател на Фондацијата „Никола Јанчев“ и генерален менаџер на компанијата „Кожувчанка“, би сакала да изразам огромна почит кон МАНУ и сите кои се дел од неа. Ме радува што Фондацијата од својот локален карактер прераснува во препознавање на национално ниво, сега и преку оваа од голема важност, соработка со МАНУ.

Верувам дека средствата ќе бидат имплементирани за сигурни цели, кои ќе поттикнат научно-истражувачка работа и постојана грижа за зачувување на македонското уметничко и културно наследство – изјави Јанинка Чупаркоска, претседател на Фондацијата „Никола Јанчев“ и генерален менаџер на компанијата „Кожувчанка“.

Од Фондацијата „Никола Јанчев“ се надеваат на постојана и плодна соработка со Македонската академија на науки и уметности.

ОВАА НЕДЕЛА

СОПРУГАТА НА ИГОР ЈУГ: ЕДНА РЕЧЕНИЦА ДА МЕ ПОСЛУШАШЕ, СЕГА УШТЕ ЌЕ БЕШЕ МЕЃУ НАС

Сопругата на Игор Југ, еден од осудениците за настаните...

СТОЈЧЕВСКИ: ВОЗЕЛ ПИЈАН, БЕЗ ВОЗАЧКА, НАПРАВИЛ СООБРАЌАЈКА – БАРАМЕ ОСТАВКА ОД ПРАТЕНИКОТ СЕРГЕЈ ПОПОВ

Прес конференција на Социјалдемократската младина на Македонија, Трајче Стојчевски...

КУЗМАНОВСКА: СКАНДАЛОТ СЕ ШИРИ, СЕРГЕЈ ПОПОВ НАМЕСТО ЗАТВОР ДОБИЛ КАЗНА ОД 500 ЕВРА

Изјава за медиуми, Стефанија Кузмановска, потпретседателка на СДММ Почитувани, Скандалот со...

РАКУНИ СЕ СЕКСААТ НА КРОВ ОД КОЛА

Луди работи се случуваат на платформата ,,Х". Објавено е...

БЕРБОК: УКРАИНА И ЕВРОПА МОРА ДА БИДАТ ВКЛУЧЕНИ ВО МИРОВНИТЕ ПРЕГОВОРИ ЗА УКРАИНА

Трамп им нареди на највисоките американски функционери да започнат...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ