„ФОЛСКВАГЕН“ – НОВ УДАР НА ИМИЏОТ НА ГЕРМАНИЈА

0
75

„Фолксваген“ најави потег без преседан, планира затворање на две фабрики во Германија поради намалената продажба. Доколку дојде до затворање на објектите, синдикатите ќе повикаат на штрајк во октомври. Штрајкот би бил поддржан од половина милион работници.

Поради турбуленциите во германскиот гигант, властите во Берлин се одлучија за дополнителни даночни олеснувања за електричните автомобили за периодот од 2024 до 2028 година. Вестите за проблемите во „Фолксваген“ се само уште една во низата грижи за германскиот канцелар Шолц, кој во неделата беше казнет на регионалните избори во источниот дел на земјата. Добро утро, ви пишува Наташа Хаџиспиркоска Стефанова, новинарка во дигиталната редакција на „Блумберг Адрија“ во Скопје.

Неделава продолжија проблемите на уште еден гигант. „Енвидија“ оди на суд поради сомнеж за монопол. Веднаш по судската покана, шефот на компанијата загуби 10 милијарди долари. Ова е досега најголем дневен пад на лично богатство.

Извор : Блумберг Адриа