ФОКУС: Шарена револуција

0
934

Во новиот број на неделникот „Фокус“ ќе читате:

ЗА ГРУЕВЦИ СЕ ХУЛИГАНИ И ТИЕ ШТО ГО УРНАА БЕРЛИНСКИОТ ЅИД!?
Еден од најабдалските проекти на груевизмот ми се контрапротестите. „Мајмун ради, што мајмун види“, па ако протестираат граѓаните пред седиштето на ДПМНЕ, „логиката“ им е копи пејст, оди пред СДСМ, без оглед што е утната локацијата за контрасобиранката. Пластично да илустрирам, доколку се организира протест под мотото „да не јадеме гомна“, овие гарант ќе стегнат контрапротест „да јадеме гомна“!

ГРУБИ СПЕЦИЈАЛЦИ
Граѓанските протести минатата недела почнаа со хаотична и брутална реакција на специјалците кои применија прекумерна сила против гневните демонстранти пред канцеларијата на Иванов. Во акцијата настрадаа невини граѓани, кои завршија во полициските станици

АТЕНТАТ ВРЗ АХМЕТИ
Бег Ризај и Мирсад Ндрецај, убиени во Диво Насеље, долг период се обидувале да рекетираат високи функционери од ДУИ, па освен што го гранатираа партиското седиште во Мала Речица, се обиделе да извршат атентат врз лидерот Али Ахмети во 2014 година на патниот премин Стража

ГРАЃАНИТЕ СЕ ПОСИЛЕН ПОЛИТИЧКИ ФАКТОР ОД СДСМ
Стево Пендаровски, поранешен кандидат за претседател на СДСМ за „Фокус“ говори по одлуката на лидерот Зоран Заев опозицијата да не патува на преговорите во Виена. Според Пендаровски, СДСМ и не можел да донесе поинаква одлука, зашто без нив не може да се турне режимот на Груевски

„ЕВТИНА“ ОПРЕМА
фирмата „Соникс ДООЕЛ“, чиј сопственик е во кумашин на Мартин Протуѓер, редовно победува на тендерите за набавка на медицинска опрема и тоа со најниска цена. Лекарите се жалат дека набавените медицински апарати од кинеско или корејско производство стојат покриени во подрумите на клиниките

НЕКА ПОБЕДАТ ЛИСИЦИТЕ
Еден поранешен командант на УЧК, а потоа пратеник еднаш кажа: се бореа лавовите и орлите, а на крајот победија лисиците. Нам ни останува надежта дека и овојпат на крајот ќе победат лисиците, не лисици како лукави ѕверки, туку лисици како инструмент кој се користи за лишување од слобода на криминалци

Колумнисти:

Ристе ЉУБОТЕНСКИ
Чуден е овој свет, Никола! А уште почудна е политиката. Во неа стекнуваш многу лажни пријатели, но уште повеќе вистински непријатели. За тоа од неа, или треба навреме да излезеш, или навреме да умреш. Зошто токму кога мислиш дека си на врвот, недофатлив и моќен, тогаш почнуваш највртоглаво да паѓаш

Ана ПАНОВСКА
Има уште многу, ама многу малку време да се пројават неискомпромитирани членови на ВМРО-ДПМНЕ, да ја притиснат и да ја изопштат криминалната врхушка, да ја преземат партијата и да седнат на маса да договорат техничка влада

Гордана ПОПСИМОНОВА
Во Македонија, на сцена е Законот на големите броеви. Големиот број граѓани, големиот број слободномислечки луѓе, големиот број демократи… Големи транспаренти, на кои со големи букви е напишана големата порака – ОСТАВКА!

Александар ТОРТЕВСКИ
Македонија не е толку богата доживотно да ги плаќа сите поранешни претседатели. Може да се случи во наредните триесетина години да плаќаме десетина фикуси од калибар на актуелниот

Гроздан ЦВЕТКОВСКИ
Во ваква општествена и ментално руинирана Македонија се повикува на помирување во име на народот. Повикувачи се токму оние кои го урнисаа системот и создадоа свој антисистем