Thursday, April 17, 2025
17.8 C
Skopje

Фокус : Околу 300 гласа го делат СДСМ од нерешено со ВМРО, а 600 до победа

Само тристотини гласа ја делат опозицијата предводена од СДСМ од нерешен резултат, а шестотини гласа би направиле комплетен пресврт во распоредот на силите на изборите.

Ова го покажуваат калкулациите на политичките партии,но и на дел од членовите на Државната изборна комисија,со кои разговаравме откако ДИК соопшти дека симулацијата според прелиминарните резулти покажува победа на владејачката коалиција на ВМРО-ДПМНЕ со 51 наспроти 49 пратеник.

Инаку, ВМРО-ДПМНЕ освои еден пратеник повеќе во втората изорна единица, но доколку БЕСА освоела само 300 и нешто гласа повеќе, еден пратеник од контото на ДПМНЕ би се слеал кај БЕСА и резултатот би бил изедначен во оваа ИЕ, но и генерално.

Скоро истото важи и за шестата изборна област, каде околу 300 гласа повеќе за СДСМ би значеле еден пратеник повеќе за опозициската на сметка на владејачката коалиција, што автоматски би значело и два пратеника севкупна предност во корист на социјалдемократите.

Затоа, се очекува опозициските партии да поднесат приговори за многу гласачки места во овие реони, кои, доколку Комисијата ги прифати, можни се промени при прегласувањето.

Извор : Фокус

ОВАА НЕДЕЛА

СДСМ: НЕМА ПЛАТА ЗА ВЕЛИГДЕН ЗА КУЛТУРНИТЕ РАБОТНИЦИ

Денес е 17 април. Два дена после законскиот краен...

КОС: БУГАРИЈАА ГО ПОЗНАВААТ РЕГИОНОТ И ДОБРО Е ДА ГО ПОДДРЖИ ПРОЦЕСОТ НА НЕГОВАТА ИНТЕГРАЦИЈА

Знаеме дека Бугарија и Северна Македонија ќе постигнат договор...

„ЛЕВИЦА“ ВТОР ДЕН БАРА ОСТАВКА ОД ТАРАВАРИ ЗА СКАНДАЛОТ НА КАРДИОХИРУРГИЈА

Политичката партија „Левица“ втор ден бара оставка од министерот...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ