ФОКУС: Мухамед Зекири: Заминувам од Алсат зашто не сакам да му служам на злото –ДУИ и ДПМНЕ

0
1263

Во новиот број на неделникот „Фокус“ ќе читате:

Naslovna-1046-1-400x540

ИЗДРЖИ НИКОЛА!
„Издржи Никола“, оти само така се забрзува крајот на едно владеење што остави мешавина од гадни вкусови во устата на Македонецот. Состојба на духот и на телото што ќе мора стоички да се помине. Ќе биде тешко. Но, еден ден мора да се почне. Подобро побргу, отколку по некоја година!

НАРАЧАН ЗАТВОР
За полициско-судската игра во случајот „Ровер“ во кој е обвинет Љубе Бошкоски јавноста допрва ќе ја слушне целата вистина, а „Фокус“ открива мал дел од телефонските снимки кои откриваат дека функционер од власта наредил Љубе да лежи 12 години за „Ровер“!

МУХАМЕД ЗЕКИРИ: ЗАМИНУВАМ ОД АЛСАТ ЗАШТО НЕ САКАМ ДА МУ СЛУЖАМ НА ЗЛОТО – ДУИ И ДПМНЕ
Главниот уредник на Алсат ексклузивно за „Фокус“ открива дека крајот на неговата кариера во оваа ТВ е резултат на притисоците на ДУИ врз сопственикот, Ферик Велија, односно неговите врски и пријателства со врхушката на интегративците

„СПЕЦИЈАЛНА“ ЗАДАЧА
Правни експерти тврдат дека доколку Уставниот суд одлучува врз база на словото на Уставот, без политички диктати, законот за специјално обвинителство не треба да падне, бидејќи не ги загрозува уставните принципи

КУМ СО „ДИЈАЛИЗА БИЗНИС“
Кумот на премиерот Груевски, Ристо Новачевски, како што сугерираше опозицијата, а за „Фокус“ тврдат повеќе извори, влегол и во бизнисот со дијализа на бубрежно болните во Македонија. Бизнисот зад кој стојат фирмата “Метрополитен“ и „Систина“ на Орце Камчев, тежи половина милијарда евра

ДИЈАЛОГ ВАКНИН – ДИМИТРОВСКИ
Аналитичарот Сем Вакнин и нашиот уредник Зоран Димитровски во најновото продолжение на своите дијалози се фокусираат на прашањето дали во Македонија е можна диктатура како во Белорусија

СТРАВ ОД КОНКУРЕНЦИЈА
Да беа постојните, обични обвинители асолни, немаше да се појави потреба од специјално обвинителство. Да беа убедени Израелците дека Заев е следниот премиер на Македонија, немаше да го „брукаат“ со официјални деманти

 

Колумнисти:

Стојан АНДОВ
Постои опасност работите многу малку да се променат во Македонија и да завршат само со неколку жртвени јарци од власта, но и од опозицискиот СДСМ, а филозофијата на владеење и структурата на очекувањата, да останат по природа исти

Рамадан РАМАДАНИ
Ми текна само дека единствена посебност на Ставревски е тоа дека не се согласил да даде оставка заедно со Мијалков, Јанкулоска и Јанакиески. Но, тоа не го прави лав, туку само обична итра лисица, која се спроведува со лисици и ако добие статус на заштитен сведок