Флекенштајн и Ховит: Контрадикторни изјавите на Груевски и Јанкулоска за „Пуч“

0
542

19942golema

Пратениците од групата на Социјалисти и Демократи во Европскиот парламент се длабоко загрижени за развојот на настаните во Македонија, во однос на обвинувањата на премиерот Никола Груевски за шпионажа и уцени на лидерот на опозицијата Зоран Заев.

Потпретседателот на социјалистите Кнут Флекенштајн и поранешниот известувач за Македонија во ЕП, Ричард Ховит велат:

– Ги следиме настаните во Скопје многу внимателно. Остануваме загрижени за политичкото влијание над одредени судски постапки, и генерално селективната правда во земјата. Затоа бараме независна и транспарентна истрага за обвинувањата, имајќи ги во предвид предлозите за зајакнување на владеењето на правото, забележани во Извештајот за напредокот на земјата од Европската комисија.

– Слушнавме и котрадикторни изјави на Премиерот и Министерката за внатрешни работи. Едниот вели дека посочениот е обвинет, а другиот дека обвинителството сеуште размислува дали да го направи тоа.

Флекенштајн и Ховит уште забележуваат дека ниеден медиум, како што велат, контролиран од Владата, не ја емитувал прес-конференцијата на која Заев одговара на обвинувањата, и бараат од Владата да обезбеди објективно и транспарентно медиумско покривање за обвинетиот за време на истрагата.

– Тоа е минимум што може Владата да направи, за тие да се бранат во јавноста.

Извор : НоваТВ