Фијаско на протестите на ВМРО-ДПМНЕ, едвај 50 луѓе, ова е веќе политички очај!

0
335

Денешните протести на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје минаа со очајно слаба посетеност.

На собирот пред Владата пристуни беа едвај 50 луѓе, а ништо поразлична не беше ниту сликата пред Министерството за правда.

Покрај редовната кореографија и веќе традиционалното отсуство на енергија, денешните протести го одбележа и невден гаф на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Завршувајќи го своето обраќање, Арсовски рече „Да живее Зоран Заев“ што придонесе кон забуна кај малубројните присутни, по што Арсовски се обиде да се извади, барајќи пристуните да извикуваат извици на негодување, за да заврши со реченицата „Нормално, не може да живее Зоран Заев“ што е уште поскандалозно и од самиот гаф на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Иако веќе неколку денови организира протести ширум државата, впечаток е дека ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски имаат се послаба поддршка од граѓаните и дека на протестите освен функционери и активисти на партијата воопшто и нема обични, неопределни граѓани.