Дали долгогодишното опстојување на власт и со тоа наталоженото незадоволство кое е евидентно кај членовите на партијата или пак бомбите на Заев преку кои се виде дека со владејачката партија управува криминална банда, што и да е, јасно е дека Вмро-Дпмне полека но сигурно се спрема за во опозиција.
Ја нема веќе онаа енергија и масовност при отварање на штабовите од изминативе изборни циклуси.
Наведнети глави и замислени лица е она што може да се забележи.
Така е во сите досега отворени месни штабови во Крива Паланка.
На отварањето на с.Жедилово, од месното население односно членство присуствувале само 5 лица, останатите биле доведени од Крива Паланка.
Истото е и во останатите, се едни исти лица шетаат од штаб во штаб за да се прикаже некоја масовност но безуспешно.
Во народот има една поговорка која гласи: Со сила убавина не бидува.
Тоа е тоа. Крајот е дојден. Доста беше власт 10 години, време за одмор.