Monday, December 2, 2024
0.8 C
Skopje

ФИНАНСИСКАТА ПОЛИЦИЈА ВЛЕЗЕ ВО МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЗЕМЈОДЕЛСТВО, ПОДНЕСЕНИ ТРИ КРИВИЧНИ ПРИЈАВИ

Финансиска полиција поднесе кривични пријави против три лица во Министерството за земјоделство.

Трите службени лица, од кои едното е поранешен функционер, според соопштението, се сомничат дека не постапиле согласно своите овластувања и надлежности во врска со постапката за раскинување на договор и одземање на државно земјоделско земјиште од фирмата „ДЗС Илинден АД Скопје“.

Со тоа, како што се наведува, му овозможиле на акционерското друштво незаконски да продолжи да го користи земјоделското земјиште во сопственост на државата и да користи финансиски средства од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој за период од 2021 до 2024 година, во износ од 15 052 001 денари.

„Првопријавениот, вработен во Министерството, согласно Решение, несовесно постапувал при вршење на своите овластувања, на начин што во текот на 2021 и 2022 година не изготвил записник за одземање на владението на правниот субјект „ДЗС Илинден АД Скопје“, иако уредно му била доставена Изјава за раскинување на договорот за закуп на акционерското друштво.

Во период од 16.09.2020 година до 15.04.2022 година на начин што не ја доставил Изјавата за еднострано раскинување до надлежните служби на МЗШВ – Гази Баба за истата да биде евидентирана во ФАРМ системот и правниот субјект „ДЗС Илинден АД Скопје“ да биде избришан од Единствениот регистар на земјоделски стопанства, со што првопријавениот му овозможил на „ДЗС Илинден АД Скопје“ да прибави корист за себе и тоа незаконско владение и плодоуживање на државно земјоделско земјиште, како и незаконско користење на финансиски средства од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој за период од 2021 до 2024 година во вкупен износ од 15.052.001 денари“.

Второпријавената, вработена во Министерството, Изјавата за раскинување на договорот за закуп на правниот субјект„ДЗС Илинден АД Скопје“ не ја доставила до надлежните служби на МЗШВ-Гази Баба за истата да биде евидентирана во ФАРМ системот и правниот субјект „ДЗС Илинден АД Скопје“ да биде избришан од Единствениот регистар на земјоделски стопанства.

Второпријавената му овозможила на „ДЗС Илинден АД Скопје“ да прибави корист за себе и тоа незаконско владение и плодоуживање на државно земјоделско земјиште, како и незаконско користење на финансиски средства од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој за период од 2021 до 2024 година во вкупен износ од 15.052.001,00 денари.

Третопријавениот, функционер во Министерството за земјоделство, во период од јануари 2022 до ноември 2023 година ги повредил законските прописи за совесно постапување при вршењето на своите овластувања со пропуштање на должен надзор над комисијата за одземање на владение врз основа на престанок на склучени договори за закуп, формирана од страна на министерот.

Третопријавениот, иако бил задолжен да организира и обезбедува законито и ефикасно вршење на работите и задачите, со пропуштање на должен надзор несовесно постапувал во вршење на своите овластувања, односно не преземал дејствија за утврдување на фактичката состојба во однос на одземање на владението на „ДЗС Илинден АД Скопје“, со што третопријавениот му овозможил на „ДЗС Илинден АД Скопје“ да прибави корист за себе и тоа незаконско владение и плодоуживање на државно земјоделско земјиште, како и незаконско користење на финансиски средства од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој за период од 2021 до 2024 година во вкупен износ од 15.052.001,00 денари“, се наведува во соопштението од Финансиската полиција.

ОВАА НЕДЕЛА

СУДИР НА ИНТЕРЕСИ – ЕКС ДИРЕКТОР НА ЈЗУ СИ ЈА ВРАБОТИЛ СНААТА, ПЛАТИЛ ГЛОБА, ПА ГО РАЗРЕШИЛЕ

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на денешната...

ВАНДАЛИЗМОТ НЕМА ЕТНИЧКА ПРИПАДНОСТ

Почитувањето на националните симболи е од суштинско значење за...

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА 83-ГОДИШЕН СТРУЖАНЕЦ, КОЈ СО ПУШКА ГО УБИЛ КУЧЕТО НА СВОЈОТ СОСЕД

Фото : Илустрација ОВР Струга поднесе кривична пријава против С.М.(83)...

МУЦУНСКИ : НОВАТА ВЛАДА Е СИЛНО ФОКУСИРАНА НА ЕВРОИНТЕГРАЦИИТЕ И СПРОВЕДУВАЊЕТО НА РЕФОРМИ

Шефот на македонската дипломатија, Тимчо Муцунски, денеска имаше обраќање...

ЈАНЕВСКА : УЧК И НЕЈЗИНИТЕ СИМБОЛИ ЗА ОВАА ДРЖАВА НЕ ЗНАЧАТ НИШТО

Испраќањето инспекција во училиштето во тетовското село Челопек е...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ