СДСМ е последна партија што има право да зборува за реформи во правосудството.
Иронично е токму партијата која со децении го партизираше правосудството – и преку инсталирани кадри, и преку клиентелизам, и преку селективна правда – денес да се претставува како борец за реформи.
Министерството за правда, во координација со Владата, интензивно работи на имплементација на реформската агенда и стратегијата за правосудството (2024–2027). Сите реформски закони кои се подготвуваат се темелни, инклузивни и усогласени со препораките од ЕУ.
Закони не се носат за ПР ефект, туку за системска промена, нешто што СДСМ очигледно не го научи иако имаше шанса.
Во врска со законите за Јавното обвинителство, Судскиот совет, судската служба, платите на јавните обвинители, тие веќе се ставени на ЕНЕР, и истите се во финална процедура.
За првпат имаме сериозен пристап во кој се вклучени сите чинители – експерти, меѓународни партнери и граѓанскиот сектор.
Што се однесува до наводната „конструктивност“ на СДСМ – таа завршува онаму каде што почнува лицемерието. Ако навистина имаат конструктивни предлози, ќе ги достават во време и со добра намера, а не ќе ги користат како алатка за прес-конференциски спинови.
Нам, што немаме резервна држава, ниту златни визи, целта ни е да направиме трајна и праведна реформа затоа што Македонија е се што имаме. Го повикувам СДСМ наместо со демагогија да се позанимаваат со давање на искрени одговори – како се набавуваат златни визи и колку истите чинат!