ФИЛИП ПЕТРОВСКИ : ЗОШТО МИЦКОСКИ НЕ СОБЕРЕ ПАРИ ДА ГИ ПЛАТИ СУДСКИТЕ ТРОШОЦИ НА ОСУДЕНИТЕ ЗА 27-МИ АПРИЛ КАКО ШТО ЗНАЕ ПРЕД СЕКОЈА КАМПАЊА ДА БАРА ПОДДРШКА?!

0
764

Лицата осудени за настаните на 27 април постојано се залажувани од страна на Христијан Мицкоски пред секоја кампања за да дадат поддршка, а сега не сака ниту судските трошоци да најде начин да ги плати, истакна во денешната епизода на Тешки муабети, Филип Петровски.

– Изворно знам дека на тие луѓе им е верувано дека кога ќе стане премиер, шпицниот премиер ќе ги ослободи, што не е возможно, ама е возможно да се бара амнестија, да се бара повторување на судењето, да се поднесе Закон за амнестија.

Зошто не го направат тоа? – прашува Петровски.Александар Митовски потсети на лидерската средба во Собранието, на која Мицкоски одбил да разговара за изнаоѓање на решение за осудените, повторување на судењето или аместија.

Дури и премиерот Ковачевски се согласил дека е потребно да се прекине со прогонот, но не и Мицкоски.Митовски потсетува дека претходно на две лидерски средби Мицкоски исто така одбил да разговара на таа тема.– Најмалку што можат да направат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да соберат пари и да ги платат овие казни за да не треба луѓето да долежуваат затвор околу сто дена плус!

По штабови пуштаат муабет дека ги помагале тие луѓе, ова е реалноста, ако се плаќале тие троѓоци навреме лани не би дошло до ова извршно решение. Лани на митинзи зборуваше дека ВМРО-ДПМНЕ ќе стои позади овие луѓе, ако вистински стоел Мицкоски позади нив ќе го немало извршното решение.

И во право си дека ги тераа да пишуваат фермани за поддршка на Мицкоски, им се јавувал Мицкоски ги терал да се откажат од Инфомакс, затоа што не го поддржуваме. Криминалци не поддржуваме! – нагласи Митовски.