Петмина осуденици од затворот во Шуто Оризари, незаконски биле привремено ослободувани по 8 до 10 часа, а тоа им го овзоможувал поранешниот директор Филип Андов кој е осомничен заедно со уште девет лица во постапката на Обвинителството за гонење на органзииран криминал и корупција. Тие се гонат за „Противзаконито ослободување на лице лишено од слобода“ и кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување“.
„Првосомничениот, злоупотребувајќи ја својата службена должност на директор на установата, во период од март до јули 2024, со намера да им овозможи корист, односно противзаконска поволност на петмина осуденици и привремено да ги ослободи, дозволил и наредил осудените кои биле од висок безбедносен ризик во повеќе наврати да добијат и да се стекнат со поволности што согласно судските одлуки не им следувале“, соопштуваат од ОЈО ГОКК.