Tuesday, April 22, 2025
28.8 C
Skopje

ФИЛИПЧЕ: 118 СЕМЕЈСТВА ЌЕ ДОБИЈАТ ДОМ – ВИСТИНСКИ ПРИМЕР НА ХУМАНОСТ И ГРИЖА ВО СТРУМИЦА

Изјава за медиуми на претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска заедно со градоначалникот на општина Струмица, Коста Костадинов,  ја посетија локацијата во Струмица каде што е изградбата на социјалната населба и за која започнува втората фаза на реализација. Станува збор за еден од поголемите капитални проекти во оваа општина, во рамки на кој ќе се изградат вкупно 118 куќи со кои трајно ќе се реши проблемот за домување на социјално ранливите граѓани од турското маало во Струмица.
„Ова ќе биде една цела нова населба, еден мини град, каде градежните работи се почнати од нула. На локацијата немаше ништо, а сега веќе има канализација, има струја, има улица и во следната односно последна фаза ќе почне изградбата на објектите. Ова ќе биде наслба во којашто ќе се сместат луѓе од ранливи категории кои сега живеат во супстандардни и небезбедни услови. Во овие 118 станбени единици со соодветни стандарди, квалитетот на животот на тие граѓани  значајно ќе се подобри и дополнително ќе се решат инфраструктурните проблеми во близина на оваа населба, како што е водоснабдувањето“, рече Филипче.
При тоа Филипче посочи дека овој и сите други проекти на локалната самоуправа на Струмица ги отсликуваат социјалдемократските вредности за еднаквост и грижа за сите граѓани.
„Ова е само еден во низата на крупни проекти на општина Струмица. Ќе ги споменам новиот пазар, автобуската станица, електричниот јавен превоз со кој Струмица е прв град на Балканот со ваков превоз“, изјави Филипче, додавјаќи дека општина Струмица е пример како со дела се развиваат и имплементираат проекти кои суштински менуваат работи и го подобруваат животот на граѓаните.

ОВАА НЕДЕЛА

МИНИСТЕРСТВО ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ: 2252 СООБРАЌАЈНИ ПРЕКРШОЦИ ВО ПРАЗНИЧНИОТ ВИКЕНД, 1018 ЗА БРЗО ВОЗЕЊЕ

Во текот на празничните денови (18-21.04.2025) продолжувајќи со континуираните...

МАНАСИЕВСКИ: ВЛАДАТА НА СДС ТВРДЕШЕ ДЕКА НЕМА ДА ИМА НОВИ БЛОКАДИ КОН ЕУ ЗА БИЛАТЕРАЛНИ ПРАШАЊА, СЕГА СЕ ДЕМАНТИРАНИ И ОД ЕУ

Прес-конференција на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. Почитувани, Димитар...

ФИЛИПЧЕ: ЗАСТОЈОТ НА ИНТЕГРАЦИИТЕ ЗА МАКЕДОНИЈА Е ГУБЕЊЕ МИЛИЈАРДИ ЕВРА ПОДДРШКА ОД ЕУ

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната Комисија за...

Најчитани

ПОПУЛАРНИ КАТЕГОРИИ