ФИЛИПЧЕ : ШТО ДУИ ЌЕ ПРАВИ И КОИ СЕ НИВНИТЕ ПЛАНОВИ Е НИВНА РАБОТА И ПОЛИТИЧКА ОДЛУКА, ДОКОЛКУ ИНСТИТУЦИИТЕ ИМААТ КАКВИ БИЛО ИНФОРМАЦИИ ЗА НАРУШУВАЊЕ НА СТАБИЛНОСТА НА ДРЖАВАТА МОРА ИТНО ДА ДЕЈСТВУВААТ

0
132

ФОКУС: Премиерот Мицкоски излезе во јавност со тврдење дека ДУИ има план за дестабилизација на Македонија наесен. Вие му одговоривте да ги сподели информациите со надлежните институции по што и министерот Тошковски рече дека и тој располага со слични информации. Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, побараа вие да одговорите каква дестабилизација подготвувате заедно со ДУИ, па дали сте дел од таков план?

ФИЛИПЧЕ: Што ДУИ ќе прави и кои се нивните планови е нивна работа и политичка одлука. Доколку институциите имаат какви било информации за нарушување на стабилноста на државата мора итно да дејствуваат, но тоа гледаме дека не се случува.

Освен секојдневните прес-конференции на ВМРО-ДПМНЕ, ниту Мицкоски, ниту кој било друг од владата не почна истрага или презема нешто конкретно. Претседателката Силјановска воопшто не е запознаена со овие најави, Советот за безбедност не е ни формиран, а среде таканаречена дестабилизација, премиерот заминува на одмор.

Би рекол дека ова е крајно неодговорно политичко однесување на власта, ако не се знае дека, сепак, ова е само една добро препознаена тактика за манипулација и дефокусирање.Од друга страна, обидите да се вовлече СДСМ во целата приказна само потврдуваат дека на владата многу лошо ѝ оди. Општата перцепција е дека ВМРО-ДПМНЕ потфрла на секој чекор и има големо разочарување во јавноста.

Во почетните месеци, ВМРО-ДПМНЕ покажува дека нивната кампања била само голема лага. Но, тоа најмалку може да го покрива со заплашување од дестабилизација и со обид во тоа да го вовлече и СДСМ, преку секојдневна партиска пропаганда. Тоа е само очаен обид за дефокус од проблемите во новата влада.Сакам јасно да порачам дека СДСМ не е, ниту некогаш ќе биде дел од вакви игри, уште помалку од каква било дестабилизација. Нема да дозволам СДСМ да биде вовлечена во таквите нечесни игри на ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски.