Филипче: Со вакцината АстраЗенека, која ќе стигне утре, ќе се вакцинираат граѓаните над 75 години

0
366

Минстерот за здравство Венко Филипче, во вечерашново гостување во вестите на Сител, најави дека, утре со доаѓањето на вакцината Астра Зенека ќе започне вакцинацијата на граѓаните кои се над 75 годишна возраст.

-Стигнуваат првите вакцини од Ковакс механизмот и сега сме ние целосно посветени системот практично добро да профункционира. Целокупниот процес на имунизација да се спроведе брзо и ефикасно за што веќе има направено план. Први ќе бидат повикани оние критични групи на граѓани согласно Националната стратегија во Здравствените домови, а понатаму имаме место во салата Борис Трајковски за масовна имунизација – рече Филипче.